Се движите пешки до работа, трчате на кеј, се враќате дома сами навечер?
Дали сте жена или девојка која имала непријатни искуства со вознемирување и насилство во јавни простори?
Ве молиме раскажете ни ја вашата приказна за да можеме подобро да ги разбереме различните форми на насилство со кои се соочуват жените во јавните простoри, и уште поважно, да ни помогнете да најдеме начин да ја елиминираме оваа честа појава во нашиот град.
Исто така, вашето искуство можете анонимно да го пријавите на Реагирај, нашата веб-страна за пријавување различни форми на насилство врз жени во јавните простори, или на телефонскиот број 071 389 196.
Споделените приказни ќе додадат лична перспектива во поширока студија која го разгледува степенот и различните димензии на насилството врз жените во јавниот простор, фокусирајќи се првенствено на перцепциите на жените за нивната безбедност и влијанието што го има врз нивните животи.
Доколку имате повеќе прашања поврзани со истражувањето и со користењето на податоците што ќе ги споделите со нас, контактирајте не на info@reactor.org.mk
Оваа анкета има 3 прашања.