Почитувани,
Во Реактор, во соработка со фондацијата Kvinna till Kvinna и Британска амбасада, моментално спроведуваме истражување за безбедноста на жените и девојките на јавните места во Скопје и Тетово.
Во рамки на истражувањето, планирано е да се спроведе фокус група со жени повозрасни од 50 години кои живеат во Скопје. Фокус групите ќе се одржат најдоцна до 28ви февруари. За точните термини и локација ќе бидете известени телефонски од страна на нашите вработени. Доколку имате потреба од дополнителни информации, ве молиме побарајте не на телефонскиот број – 071 389 196.
Доколку сте заинтересирани да земете учество во фокус групите ве молиме пополнете го прашалникот кој содржи само неколку прашања поврзани со вашите демографски податоци. Поконкретно, прашањата кои следат служат за полесно собирање контакт податоци за заинтересираните учесници за фокус групите. За учеството во фокус групата, ќе добиете ваучер за пазарување во некој од маркетите во градот. Сите податоци што ќе ги внесете се анонимни и служат само за организациските потреби на истражувањето.
Оваа анкета има 17 прашања.